Вработена во армијата пријавила обид за обљуба од колега

од Ивана Рамаданова
291 прегледи

Вработена во македонската армија пријавила во СВР Куманово дека нејзин колега се обидел да изврши обљуба во кумановската касарна „Боро Менков“, потврди денеска МВР.

Настанот во кумановската полиција на 19 ноември во 19:20 часот, го пријавила  вработената во АРМ.

„Пријавила дека на 18.11.2019 околу 13:00 часот во касарната „Боро Менков“ во Куманово нејзин колега се обидел да изврши обљуба над неа“, се наведува во соопштението на МВР.

Од полицијата информираат дека е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини