374
Полициски службеници од полициската станица Битола ја лишија од слобода Х.В.К.(37) од Битола, вработена во јавна установа за згрижување на деца во Битола. Вработената со запоставување на својата должност, ги запуштила малолетниците згрижени во мал групен дом.
По документирање на случајот против неа ќе следува кривична пријава, информираа од СВР-Битола.