Вработена во обложувалница во Карпош натепана од бившиот партнер

Бившиот ѝ отишол на работа ја претепал и ја ограбил

од Nikola Popovski
16 прегледи

Денеска во 03:00 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена од Скопје пријавила дека на 31.08.2025 околу 22:50 часот на подрачјето на Карпош, додека била на нејзиното работно место во спортска обложувалница, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Д.К.(27) од Скопје.

Тој исто така ѝ ја одзел чантата со лични предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.