Вработени во „Комунална хигиена“ претепале свој колега додека работел

од Nikola Popovski
268 прегледи

Вработен во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ бил претепан од свои колеги, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, немилиот настан се случил доцна синоќа.

-Денеска (10.07.2023) во 00.05 часот на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ц.(28) од Скопје, вработен во ЈП Комунална хигиена Скопје, поради тоа што на 09.07.2023 околу 23.30 часот во трговски центар на подрачјето на Гази Баба, заедно со Д.Д. и уште неколку лица, физички го нападнале Д.С.(37) од Скопје, додека ги извршувал своите работни задачи како вработен во истото претпријатие. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на лицата, а по неговото документирање од страна на Единицата за насилен криминал ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“, по член 386 од Кривичниот законик, соопштија од полицијата.

Ваквиот инцидент доаѓа откако зовреа страстите во јавното претпријатие и бунтот на дел од вработените кои не сакаат да го собираат ѓубрето низ градот. Иако за денеска побараа средба, директорката на „Комунална хигиена“ Косана Мазнева не ги прима вработените на средба. Тие бараат повисоки плати, исплата на К15 и бенефициран стаж.

Слични содржини