Вработените од „Трансмет“ протестираа додека Хан беше во ЕУ-инфоцентарот

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Околу стотина луѓе попладнево се собраа на протест пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, додека во просториите се наоѓаше еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, кој денеска треба да одржи средби со лидерите и со претставниците на парламентарните партии.

Пред ЕУ-инфоцентарот протестираат работници на компанијата „Трансмет“ и на телевизија „Нова“, како и поддржувачи на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Собраќајот на булеварот Климент Охридски кај седиштето на ЕУ е блокиран.

На коловозот беа паркирани неколку камиони на „Трансмет“, кои потоа си заминаа. Пред ЕУ-инфоцентарот има мал број полициски специјалци, но без посебна опрема и штитови.

Демонстрантите извикуваа „Уа“, скандираа „Македонија“ и ја пееја песната „Една мисла имаме“./МЕТА