Вработените во МКЦ обвинуваат за притисоци врз нив

од Stefanija Kuzmanovska
172 прегледи

На клевети, сериозни притисоци , распити и мобинг врз вработените , паушално толкување на законите и документите како и оградување од надлежности, се проблемите кои ги посочија вработените во Младинскиот културен центар по вчерашната прес конференција на градоначалничката Данела Арсовска за случувањата во МКЦ. Програмските уредници испратија и порака до надлежните институции.

„Веќе четврта година сме мета на јавни обвинувања и подметнувања, разни финансиски полиции, ревизии, контроли и судови. Ни го убивте кејфот и љубовта кон работењето. Истрајавме, и ќе истраеме сѐ додека веруваме во правна и правична држава, и само во тоа. Престанете да ни праќате неидентификувани и неовластени лица да ни вршат распити, да ни се врши мобинг и притосок на нашето работно место“ изјави Кристина Горовска од МКЦ.

Програмските уредници во институцијата ги дематираат сите обвинувања кои таа вчера ги насочени на нивна адреса и додаваат дека изминативе денови се изложени на сериозни притисоци од вработени во Градот кои не се дел од ревизијата, а се постојано во канцеларијата на новоназначениот в.д. директор Никола Алексов.

„Сакаме да прашаме кој е Ѓорѓи Грковски, кој што се појавува тука, тој не е ревизор, туку е раководител на сектор за општи работи во Град Скопје, кој е тој човек и дали има право да им поставува прашања на вработените кои немаат врски со материјално и финансиско работење на МКЦ кое во надлежност на оцена на ревизорите. Немаме проблем да соработуваме со вистинските ревизори и за нив се достапни сите документи на МКЦ, но прашања и инсинуирање да се дадат изјави на одредени теми од лице за кое не знаеме дали воопшто има некаква надлежност во текот на ревизијата е во најмала рака сомнително,“вели Филип Николовски од МКЦ.

Во однос на обвинувањата на Арсовска кон претходниот вд директор на МКЦ Ванчо Богоев за „тајниот состанок во канцелариите на Градот “ на кој му се вршеле, како што вели Богоев притисоци за вработување на Арбен Шаќири, познат во јавноста како Бени, вработените во МКЦ апелираат до вработените во градската администрација кои „тивко кажуваат за гласниот состанок меѓу поранешниот вд директор и генералниот секретар на Град Скопје“ да го обзнанат тоа јавноста и надлежните институции.

„Тој Богоев има изјави со кои се обидува, знаејќи кои работи со оваа ревизија следат, знаејќи она што го правел во изминатите 12 месеци, да најде начин, нешто што ќе предизвика доволен притисок во јавноста, за да смета дека тоа може да биде начин да се повлече од ова што следи“ изјави вчера Арсовска.

Програмските уредници бараат да се отвори регуларен и чесен конкурс за назначување на директор на МКЦ.

Слични содржини