Враќањето на украдено културно наследство во регионот тема во светските медиуми

од Vladimir Zorba
249 прегледи

Враќањето на украдените икони од Албанија во Македонија беше прва реституција во регионот воопшто, а тоа најде место и во регионалните и светските медиуми.

За соработката и напорите на министерствата за култура и Владите на двете земји известија сите светски медиуми, истакнувајќи го политичкото значење на овој потег, но и тоа дека тоа е во насока на зачувување на историското и културно значење за регионот.

Како што кажа министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска ова е прво вакво враќање на украдено културно и историско наследство во регионот.

Таа додаде дека ова е важно не само од политички аспект, туку и од аспект на почитување на меѓусебното културно наследство.

 

Слични содржини