Вратен дел од донираната облека од Агенцијата за одземен имот за ученици во Берово, не била соодветна

од Nikola Popovski
217 прегледи

Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски информира дека се вратени пакетите со облека што Агенцијата за управување со одземен имот ги доделила на ученици од неговата општина.

-По многубројните реакции во текот на вчерашниот ден за донацијата од страна на Агенцијата за управување со одземен имот, која беше доделена на основното училиште „Дедо Иљо Малешевски“, како нејзин примател, утврдено е дека одреден дел од облеката, во донираните пакети е дефинитивно несоодветна.

Остатоток од донираните пакети и пакетите кои во меѓувреме беа вратени во училиштето, преку соодветна постапка ќе бидат вратени на Агенцијата, објави Пекевски.

Градоначалникот порачува дека сo Агенцијата за управување со одземен имот, во минатото имале одлична соработка, со веќе голем број донанции, автомобили за институции и други акции, кои ја нашле својата полезност и корисност за којашто биле наменети и верува дека таа соработка и во иднина ќе продолжи.

-На граѓаните, на кои дел од донираните производи во пакетите им предизвикаа непријатни чувства, им се извинуваме. Продолжуваме да работиме за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани на Општина Берово, стои во соопштението на Пекевски.

Дел од донираната облека биле фустани и чевли со високи потпетици.

Слични содржини