Вратен затвореник баран со потерница

од Nikola Popovski
203 прегледи

На 07.02.2023 во 20.35 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Ф.Ш.(38) од село Зрновци, општина Зрновци.

Тој баран по потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на затворска казна во времетраење од една година и 7 месеци за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „фалсификување исправа“.

Лицето било предадено во установата за доиздржување на казната.

Слични содржини