Вратени во затвор тројца бегалци

од Nikola Popovski
141 прегледи

МВР информира дека денеска, полициски службеници од СВР Штип по распишани централни потерници поради бегство од казнено-поправните установи ги лишиле од слобода тројца штипјани. Двајца за доиздржување на казна во штипскиот затвор, а еден во Затвор Струмица.

– Штипјаните Е.М.(34), за доиздржување казна затвор од три години и шест месеци во Затвор Штип, Б.М.(31), за доиздржување казна затвор од една година во истиот затвор и С.И., за доиздржување казна затвор од три месеци во Затвор Струмица, известуваат од полицијата.

Во текот на денот лицата ќе бидат спроведени до надлежните казнено-поправни установи.

Слични содржини