ВРЕДИ: На Села и Ахмети им се плаче што ги напуштаат институциите, од ДУИ ветувале дека ќе одработат кандидатите на Мицкоски да победат во Кичево и Струга

од Milan1
295 прегледи

Лицемерието на Ахмети и Села нема граници. Преку ден нивниот директор на ФЗО во заминување со насмевка ги пречека и се фотографираше со новите директори, а попладне на опозициската ДУИ им текна наводно да се загрижи за меѓуетничката хармонија и Охридскиот рамковен договор, стои во партиското соопштение на „ВРЕДИ“.

„Со други зборови им се плаче што ги напуштаат институциите, ги губат привилегиите и се под закана од ревизија на нивното работење.ВРЕДИ нема да дозволи да се манипулира со креирање лажна перцепција за наводно институционално понижување на Албанците. Наместо да се служат со подбуцнување ДУИ нека и одговори на јавноста зошто му понудија на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да влезат наместо ВЛЕН во неговата Влада со само 4 министерства, без претседател на Собрание и со ветување дека ќе му одработат на локалните избори во 2025 неговите кандидати за градоначалници да победат во Кичево и Струга? Време е за вистината“, се вели во реакцијата на ВРЕДИ.

Слични содржини