Вредноста на Х падна за неверојатни 57 отсто во рок од една година

од Stefanija Kuzmanovska

Вредноста на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) падна од 44 милијарди долари на само 19 милијарди долари во рок од една година.

Според некои странски медиуми, бројот на активни корисници месечно се намалува за 15 отсто, а приходите од реклами се намалени за дури 60 отсто.

Првиот човек на Х, Елон Маск, често повторуваше дека со купувањето на Твитер за 44 милијарди долари, ја преплатил оваа социјална мрежа.

Сепак, и покрај големиот пад на вредноста, Маск е оптимист за Х и најавува планови за нови апликации кои ќе бидат корисни за корисниците, особено во областа на советување околу „финансии за цел живот“.

Слични содржини