Вредноста на стоката што влегла во Косово од С. Македонија во јули надминала 30 милиони евра

од Vladimir Zorba

Косовската царина потврди дека значително е намален влезот на српски производи и дека во јуни и јули годинава вредноста на увозот од Србија на Косово изнесува речиси 20 милиони евра, односно над 50 милиони евра помалку од истиот период лани. Од Косовската стопанска комора (ПКК) соопштија дека во јули вредноста на стоката што влегла во Косово од Северна Македонија надминала 30 милиони евра.

Споредено со истиот период лани, тоа е зголемување од 8 милиони евра

Косовската стопанска комора (ПКК) соопшти дека компаниите веќе ги замениле повеќето производи од Србија со производи од други земји, пренесе агенцијата Бета.

-Неколку странски компании, кои произведуваа стоки во Србија, го преориентираа своето работење во фабриките што ги имаат во регионот, изјави претседателот на Стопанската комора на Косово, Љуљзим Рафуна, за приштинските медиуми.

Според него, Северна Македонија стана главна увозна дестинација на косовскиот бизнис, бидејќи територијалната близина не ги зголемува роковите за транспорт на стоки, а со тоа и нивната цена.

-На граѓаните им беа понудени производи со ист квалитет и немаше поскапување, иако се увезени од друга земја, изјави Рафуна.

Слични содржини