Временска прогноза

од Vladimir Zorba
132 прегледи

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови ќе биде значително облачно со услови за слаб локален дожд, а на планините со слаб снег. Во западните делови ќе дува и умерен до засилен ветер од западен правец, а долж Повардарието слаб до умерен ветер од северозападен правец.vrne

Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус еден, а дневната од три до 12 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе достигне до девет степени.

И во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури. Максималните температури ќе бидат без значителни промени.