Временска прогноза

од Vladimir Zorba
64 прегледи

 

 Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб, а долж Поварадарието и источните делови повремено умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до еден, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје слично време, претежно сончево со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе достигне до седум степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури. Утре ќе има услови за појава на утринска магла по котлините. Позначителен пораст на дневната температура ќе има в петок и за време на викендот и ќе се движи во интервал од девет до 17 степени.

Слични содржини