Временска прогноза

од Vladimir Zorba
106 прегледи

 

Времето  во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло, а од пладне облачноста ќе се зголемува. Преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер поизразен вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Скопје претпладне сончево и топло, а од пладне облачноста ќе се зголемува. Преку денот ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од два до 20 степени.

За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Во овој период не се очекуваат негативни утрински температури.