Временска прогноза

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од четири до 15, а дневната од 29 до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се сушти до 12, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

До крајот на месецов ќе се задржи претежно стабилно време со посвежи утра. Дневната температура ќе биде во пораст, а од недела на некои места ќе го надмине и просекот за овој период. Во вторник ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за локален краткотраен дожд.