Временска прогноза

од Vladimir Zorba
352 прегледи

  Времето во Македонија ќе биде променливo облачно и свежо со умерен до засилен северозападен ветер, повеќе изразен во источните делови. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали.УВ индексот ќе има вредност 5.

Утринската температура ќе се движи од два до 12, а дневната 14 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливo облачно и свежо со умерен до засилен северозападен ветер. Утринската ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

За време на викендот ќе има преодно стабилизирање на времето со свежи утра и благ пораст на дневните температури. Нов влажен бран се очекува во понеделник.