Временска прогноза: Ќе биде сончево со мала облачност

од Vladimir Zorba
81 прегледи

4-328

Времето во Македонија ќе биде сончево, во западните делови со појава на мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до 11, а дневната од 20 до 26 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Следува период на претежно сончево време со свежи утра. Дневната температура ќе биде во пораст, особено од средината на неделата, а за време на следниот викенд на места се очекува да достигне и до 30 степени.