Временска прогноза-променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер

од Vladimir Zorba
109 прегледи

 

Времето во Македонија  ќе биде променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер.oblacno

Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а највисоката дневна температура на воздухот ќе биде во интервалот од  13 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурите од 10 до 17 степени.

Во среда претпладне ќе има врнежи од дожд, кои во северните делови повремено ќе имаат умерен интензитет. Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен југоисточен ветер, а локални врнежи од дожд се очекуваат во петок и во сабота.