Временска прогноза-сончево со слаб до умерен ветер

од Vladimir Zorba
126 прегледи

 

 Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната од 14 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската до минус еден, а дневната ќе достигне до 20 степени.

Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а облачноста постепено ќе се зголемува. Во петок во југосточните делови ќе има слаб дожд. За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.