Временска прогноза за наредните денови

од Берта Китинска

Времето во земјава ќе биде сончево со променлива облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

До средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на југот, а потоа ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во јужните делови, а утринските температури постепено ќе се покачат.

Слични содржини