Временска прогноза- затоплување

од Vladimir Zorba
71 прегледи

 

 Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне со сончеви периоди особено на западот од земјата. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер. Во некои долини ќе има услови за појава на краткотрајна магла.

Утринските температури ќе се двизат од -8 до -2, а дневните од 0 до 4 степени.

Во Скопје слично време, ќе биде променливо облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -5, а дневната ќе се искачи до 1 степен.