Временска викенд прогноза

од Vladimir Zorba
268 прегледи

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

1 Маврово, 2 Берово, Крушево, Лазарополе, 4 Кр. Паланка, Ѓуриште, 5 Тетово, Тополчани, Претор, Дебар, Пожаране, 6 Виница, Струмица, Прилеп, Охрид, Битола, 8 Штип, Дојран, Д. Капија, Куманово, Гевгелија, 9 Скопје Петровец, 10 Скопје.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

1 Претор, 2 Пожаране, 3 Маврово, 4 Тетово, 5 Берово, 6 Дојран, 8 Струмица, Гевгелија, 9 Д. Капија.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта преовладуваше облачно време  со повремен локален дожд, особено во југоисточните делови на земјава. На повисоките планини има повремени и слаби врнежи од снег. Дува умерен до засилен северен ветер, долж Повардарието и во источните делови се засилува. Во струмичката котлина ветерпт надминува над 60 км/час.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Променливо облачно на повеќе места со врнежи од дожд, на повисоките планини ќе има врнежи од снег, локално со умерен интензитет.  Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и во источните делови на земјава.

Највисоката температура во земјава се очекува да достигне од 8 до 13 степени.

 

Скопје, Променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер, од северен  правец.  Највисоката температура ќе достигне до 11 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

 Променливо облачно со сончеви периоди и со  повремени локални  и слаби врнежи од дожд, на некои повисоки места и на планините со повремен слаб снег. Во исто време од север ќе продолжи да се спушта постудена воздушна маса,  која ќе одржува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со слабо проврнување на локален дожд,  а на некои повисоки места и на планините со слаб снег. Ќе дува умерен повремено и силен северен ветер, особено силен ќе биде в сабота.

 

Слични содржини