Времето и натаму нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

од desk2
134 прегледи

Времето и денеска на повеќе места, особено во западните и југозападните делови, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во текот на утрешниот ден и в сабота условите за нестабилност ќе се намалат и во поголем дел од земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, велат синоптичарите.

В недела и в понеделник во попладневните часови повторно ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи, велат од УХМР.

Температурите ќе се движат од 20 до 32 степена.

Слични содржини