Времето отчукува за легендарниот Брус Вилис, семејството не се одвојува од него

од Stefanija Kuzmanovska
377 прегледи

Легендарниот актер Брус Вилис води битка со деменцијата, а неговото семејство не се одвојува од него, наведувајќи дека актерот е во лоша состојба и прашање на време е кога ќе ја загуби битката со оваа болест.

Пред речиси една година светот беше шокиран од веста дека еден од најдобрите акциони херои на големото платно се повлекува од филмскиот свет. На Брус Вилис првично му беше дијагностицирана афазија, болест која предизвикува губење на способноста за говорење, за подоцна да му биде дијагностицирана ретка форма на деменција. Покрај сегашната сопруга Ема Хеминг Вилис и неговите деца Румер, Скаут, Талула, Мејбел и Евелин, кои ги доби во два брака, славниот актер во тешките моменти го поддржува и поранешната сопруга Деми Мур, пренесува „Телеграф“.

Како што пренесуваат странските медиуми, неговата состојба е неизвесна, а најмалку еден член од семејството е постојано со него. Актерот на хит филмовите „Умри машки“ деновите ги поминува со сопругата Ема, поранешната сопруга Деми Мур и петте деца.

„Кога на Брус му беше поставена дијагноза, сите се собраа за да го зачуваат неговото сеќавање на семејството недопрено“, изјави извор за Us Weekly, додавајќи: „Сите се таму цело време. Ова искуство уште повеќе го зближи семејството. Никој не знае колку време му преостанува на Брус Вилис, па максимално го користат секој момент со него“.

Истиот извор откри и дека „сè се врти околу“ актерот и дека тој имал „многу повеќе лоши денови отколку добри“ во изминатите неколку месеци. Друг извор додаде дека актерот „има 24-часовна грижа, но барем еден член од семејството е секогаш со него“. Тој, исто така, поминува време со својата внука Лует, која неговата ќерка Румер ја доби во април.

„Румер сака Лует да го запознае Брус. Таа сака актерот активно да биде вклучен во животот на Лует. Тоа е многу посебен однос“, рекол изворот.

Во февруари семејството објави дека неговата состојба се влошила со „сурова“ дијагноза на деменција. Оттогаш, семејството се собира за секој празник за да ужива во времето заедно.

Слични содржини