Времето топло, претпладне облачно, попладне дожд

од desk2
84 прегледи

Во Република Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време, а од изутрина прво во западните делови и потоа на југот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег со послаб интензитет.

Ќе дува слаб до умерен ветер кој во текот на денот ќе се менува од јужен во североисточен.

Утринската темепартура ќе се движи во интервалот од два до девет степени Целзиусови, а дневната максимална ќе достигне до 15 степени.

Во Скопје слично време. Утринска температура ќе изнесува три степени, а дневната ќе достигне до 10 степени Целзиусови.