Врховниот суд ја одби жалбата на поранешниот претседател, Јово Вангеловски како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет. Со оваа одлука Вангеловски и официјално е разрешен.
-Жалбениот совет при Врховниот суд на Република Северна Македонија на вчерашната седница расправаше по повод поднесената жалба од поранешниот Претседател – судија Јово Вангеловски, поднесена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.08-11/30 од 23.09.2019 година за негово времено оддалечување од вршење на судиска функција и функција Претседател на суд. На истата седница жалбениот совет донесе одлука со која што жалбата на жалителот ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.08-11/30 од 23.09.2019 година, се вели во соопштението објавено на Врховен суд.