Врховен ја одложи седницата за „бомбите“- дел од судиите на боледување

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Врховниот суд го одложи најавеното продолжение на општата седница на која требаше да се разгледуваат рефератите на претседателот на судот, Јово Вангеловски.

Како што информираат од Врховен, седницата е одложена бидејќи дел од судиите се на боледување.

Продолжението на седницата ќе биде дополнително закажано. Кој орган е надлежен да поднесува барање за заштита на законитоста и дали незаконски стекнати докази може да бидат употребени во судска постпака се темите на коишто требаше да распрвааат Врховните судии.

За првото барање се расправа откако Јавното обвинителство на Марко Зврлевски побара Врховен да го преиспита притворот на Сеад Кочан осомничен во предмет на СЈО.

Второто прашање е исто така поврзано со Специјалното јавно обвинителство и се однесува на прислушуваните разговори односно „бомбите“ кои ги објави опозицијата и дали Катица Јанева ќе може да ги употреби како доказ на суд