Врховен суд: Потребен е посистемататичен пристап при постапувањето за кривичните дела од областа на сообраќајот

од Stefanija Kuzmanovska
264 прегледи

Врховниот суд на Република Северна Македонија на сопствена иницијатива, но и по поднесени дописи од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија, во повеќе наврати го разгледувал прашањето за казнената политика на судовите за кривичните дела од областа на сообраќајот.

На барање на Претседателот на Врховниот суд во согласност со Законот за судовите и Деловникот за работа на Врховниот суд, Одделот за казниви дела и Одделот за судска практика донесе заклучоци и предлози за конкретното правно прашање, за кои уредно е известен Судскиот совет и тоа со дописи од 10.12. 2021 година и од 9.5.2022 година.

Ставот на Врховниот суд врз основа на овие заклучоци е дека потребен е поунифициран и посистемататичен пристап при постапувањето и одлучување за кривичните дела од областа на сообраќајот, како и соодветни измени на Кривичниот законик.

Воедначувањето на судската практика Врховниот суд го остварува само во постапка предвидена со закон. Можноста за воедначување на судската практика во однос на ова правно прашање е ограничена во стадиумот на постапување пред Врховниот суд на Република Северна Македонија со оглед дека секој предмет има свои особености и ниту еден предмет не може да се стави во корелација со друг предмет.

Во поглед на директната интервенција во казнената политика за кривичните дела од областа на сообраќајот, Врховниот суд појаснува дека може да интервенира во одлуката за казна само кога постои законска можност, односно во жалбена постапка, додека по вонреден правен лек нема законска надлежност да интеревенира во изречена кривична санкција доколку истата е одмерена во законски пропишаните граници.

Слични содржини