Врховната Рада на Украина бара санкции за рускиот патријарх Кирил

од Stefanija Kuzmanovska

Врховната рада на Украина се обрати до Советот за национална безбедност и одбрана на Украина (НСДЦ) со предлог да се воведат десетгодишни санкции против осум претставници на Руската православна црква, меѓу кои и патријархот Кирил.

Врховната Рада бара санкции против нив поради нивната систематска и активна поддршка за војната против Украина и затоа што „ја легитимизираат воената инвазија и геноцидот на руските вооружени сили врз Украинците“, пренесе „Интерфакс Украина“.

Освен за патријархот Кирил, Рада предложи санкции и за началникот на Одделот за надворешни црковни односи, митрополитот Волоколамски Иларион, заменик-началникот на Одделот за надворешни црковни односи, протоереј Николај Балашов, како и за митрополитот Псковско-Порохивски Тихон.

Слични содржини