Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи денеска забрани увоз на американската вакцина Фајзер и британската АстраЗенек против Ковид-19, што е одраз на недоверба кон Западот.
Тој во телевизиско обраќање рече дека увозот на американски и британски вакцини е „забранет“, како причина за зголемениот број смртни случаи од коронавирус во обете земји.
„Јас навистина не им верувам“, рече Хамнеи.
„Тие сакаат да ги тестираат своите вакцини во други земји“, рече врховниот ирански лидер, додавајќи дека не е оптимист кога станува збор за Франција.
Хамнеи рече дека тоа ќе овозможи увоз на вакцини од други „безбедни“ места и ја повтори поддршката за напорите на Иран да произведе своја вакцина, која започна со тестирање на луѓе во декември и се очекува да биде достапна за употреба на пролет.
Во декември, иранската револуционерна гарда целосно ја отфрли употребата на странски вакцини.