Врховниот суд на САД пресуди во корист на Самсунг против Епл

од Vladimir Zorba

 

Врховниот суд на САД пресуди денеска во корист на произведувачот на паметни телефони Самсунг во спорот околу патентот со Епл, а во врска со дизајнот на моделот Ајфон.

Судиите наведоа дека Самсунг можеби нема да мора да плати за целиот профит, кој го заработил со своите 11 модели, бидејќи спорното прашање е само мал дел од уредот.

Епл претходно ја доби пресудата против Самсунг во вредност од 399 милиони долари, бидејќи јужнокорејскиот произведувач копирал дел од патентираниот дизајн на Ајфон, но сега случајот е вратен на понизок суд, кој треба да одлучи колку Самсунг ќе мора да плати.

Прашањето е колку Самсунг треба да му плати на Епл согласно законот од 1887 година, кој налага за кршење на правата на патент да се плати целиот профит. Епл тврди дека тоа значи дека Самсунг треба да го исплати целиот профот од продажбата на телефонот, додека Самсунг тврди дека тоа значи дека треба да го исплати профитот поврзан со специфичната компонента која е копирана.

Судијата Соња Сотомајор истакна дека законот не бара надоместот да биде заснова на целиот производ, туку само на дел од производот.

Со одлуката на Врховниот суд е отфрлена пресудата на Федералниот жалбен суд, според која Епл има право на целиот профот.

Врховниот суд меѓутоа не го изнесе начинот за утврдување на пресметската на отштетата, додека Сотомајор наведе дека судиите од пониските судови треба да одлучат за тоа.

Слични содржини