203
Врховниот суд во Мичиген денеска го отфрли обидот за отстранување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп од претседателските избори во 2024 година.
Одлуката на судот во Мичиген е во спротивност со пресудата на Врховниот суд во Колорадо со која се дисквалификува Трамп од претседателските избори во таа сојузна држава поради неговата наводна улога во немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година, пишува Си-Ен-Ен.
Трамп е првиот претседателски кандидат во американската историја кој е прогласен за неподобен за претседателската функција, според ретко користената одредба од 14-тиот амандман на американскиот Устав, кој им забранува на функционерите кои учествувале во „бунт“ да извршуваат јавна функција.