Новиот бран на инфекција со коронавирус во Франција, поттикнат од новите варијанти, би требало да го достигне својот врв на крајот на јули, според советник на француската влада.
Жан-Франсоа Делфаизи рече дека врвот на бранот сè уште не е пристигнат, но најверојатно ќе биде на крајот на јули.
„Тогаш варијантата BA.5 повторно ќе се појави ако не биде заменета со друга варијанта наесен“, рече тој во интервју за радиото RTL.
Франција забележа 124.724 нови случаи на инфекција со коронавирус во изминатите 24 часа, што е зголемување во споредба со 77.967 случаи регистрирани минатата недела.
Оваа недела, француската влада препорача повторно да се носат маски на местата каде што престојуваат многу луѓе, особено во јавниот превоз, со цел да се изборат со најновото зголемување на случаите на инфекција.