Врвна докторка која се борела против коронавирусот во Њујорк извршила самоубиство

од Aleksandar Petrovski
245 прегледи

Врвна лекарка од Њујорк која била на првата линија на борба против коронавирусот во САД се самоубила.
Лорна Брин, која беше директор на одделот за итни случаи во Њујоршката болница „Ален“ во Менхетен, почина како последица на самоповреди, соопшти полицијата.

„Таа се обидела да ја заврши својата работа и тоа ја убило“, вели нејзиниот татко Филип Брин за Њујорк Тајмс.

Тој додаде дека неговата ќерка немала историја на ментално заболување. Починала во Шарлотсвил, Вирџинија, каде што престојувала со семејството.

Лорна Брин била заразена со коронавирус, заради кој ја испратиле дома на лекување. Откако се вратила на работа, повторно била испратена дома, пред семејството да интервенира за да ја донесе во Шарлотсвил.

Кога татко и на Брин последен пат разговарал со својата ќерка му се чинела далечна. Тој вели дека таа му кажала дека пациентите со Ковид-19 умираат пред да можат да ги извадат од брзата помош.

„Таа навистина беше во првите борбени редови. Погрижете се да биде пофалена како херој. Таа е жртва исто колку и секој што почина”, рече Филип Брин.

Болницата во Њујорк-Презберијан Ален соопшти дека д-р Брин е хероина која ги прикажа највисоките идеали на медицината на предизвикувачката првата линија на итни случаи.