Вселенски костими и Моќни ренџери: Леди Гага со нова песна и видео запис

Помина скоро една година откако Гага се шегуваше со фановите велејќи дека е бремена со нов албум, таа го објави својот прв сингл.

Гага го најави спотот за песната Stupid Love, на 25 јануари на Твитер, прикажувајќи ја насловната за идниот албум.

Потоа следуваа две мамки за видео спотот, кој очигледно е инспириран од филмот Моќните ренџери.

И на крајот, комплетното видео беше објавено на полноќ на 28 февруари. Леди Гага се одлучила за интергалактички костими, гламурозни сцени, и енергичен танц, а самата песна е инспирирана од осумдесетите години на минатиот век, па сигурно ќе се најде високо на топ листите.

Во продолжение погледнете го спотот:

Слични содржини