Студентската окупација на техничките факултети продолжува и денеска. Студентите велат дека кампирањето на Машински и ФЕИТ ќе продолжи се додека не се исполнат нивните барања и додека не започне подготовката на целосно нов Закон за високо образование. Во продолжение погледнете ги фотографиите од денешната атмосфера на овие факултети.
Утринава пак биле извршени неколку упади на Економски и Правен. Прекинот на предавањето почнал со студент кој со мегафон ги повикува своите колеги кои се наоѓаат на Филозофски да му се придружат за да го прекинат предавањето. Оние кои во моментот се наоѓаат на аулата на Филозофски, ја напуштија и влегуваа во амфитеатрите и предавалните.
Студентскиот парламент при универзитетот Свети Кирил и Методиј пак соопшти дека нема да ја поддржи окупацијата на Универзитетот.
Оттаму повикуваат на воздржаност и уверуваат дека сакаат борбата да ја водат на институционален начин.
Сепак, од студентскиот пленум најавија дека окупацијата ќе трае до исполнување на барањето за итно одложување на имплементацијата на новиот закон и создавање на ново законско решение, најрано до 2018 година во чие креирање ќе бидат вклучени самите тие.
Фото: Радио МОФ