Втор ден потрага по професорката Тројачанец

од desk2
175 прегледи

Семејството, полицијата, граѓаните, повеќе од 24 часа трагаат по професорката на Земјоделскиот факултет, Снежана Тројачанец, којашто е исчезната од вчера утрото.

Од дома излегла околу 6 часот наутро, а откако не се вратила и најблиските не знаеле каде е, во 12 часот нејзиниот сопруг пријавил во полициска станица. Службите во МВР интензивно трагаат по професорката, а преку објави на социјалните мрежи и порталите, информацијата бргу допре и до скопјани кои се мобилизираа и постојано споделуваат информации на кои локации и во колку часот провериле.

Она што е познато е дека Тројачанец од дома најверојатно излегла во бели пиџами со шари, кафена јакна со каиш и патики.
Се апелира ако некој ја препознае да пријави во полициска станица или веднаш да се јави на семејството: на сопругот Пламен – 078 257 878 или на еден од синовите, Филип – 078 261 126.