Продолжува протестот на матичните лекари и денеска, причина за протестот како што наведуваат дека е тоа што не им се исполнети нивните барања.
Незадоволните лекари уште на почетокот на годината истакнаа низа на барања, а главно е зголемување на капитациониот бод. Претходно, министерот за здравство Беким Сали изјави дека не го поддржува најавениот штрајк, а се противи и дел од фелата.
Преземавме мерки навремено, ги информиравме пациентите. Немало проблеми и немало реакции од пациентите. Ги услужуваме колку што можеме, изјави д-р Лилија Чолакова – Дервишова, претседателката на Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ) за протестот на матичните лекари.
Таа информира дека имале многу средби со министерот за здравство, Беким Сали, но без решенија.
-Очекуваме многу и сакаме многу нешта да промениме со него. Што се однесува до колегите што не нѐ подржаа, тоа е многу мала бројка, на една рака се бројат. Не сакам да коментирам ставови на други здруженија, но нашето здружение 30 години функционира и се бориме со сите досега, рече Дервишова-Чолакова во вестите на Сител.
До вечност можам да бројам што се сме постигнале во интерес на граѓаните и здравствените кадри, појаснува лекарката.
-Во време кога горивото поскапува, жално е докторите да ги изложуваме на трошок. Ако се поскапува и галопира инфлацијата, капитациониот бод мора да расте. Ние се обраќаме и до Фондот за здравство, не само до Министерството за здравство. Во сите договори мора да се стави цена на трудот, вели Дервишова-Чолакова.