Втор круг од локалните избори во Хрватска

од Vladimir Zorba
83 прегледи

 

Во Хрватска утрово во седум часот се отворени околу 4.500 избирачки места, на кои осум жупании и Град Загреб, кој има статус град-жупанија, 54 градови и 102 општини во вториот круг избираат жупани, градоначалници и началници.

Право на глас имаат 2.791.000 избирачи, а гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот.

Иако 11 жупании пред две недели ги избраа своите жупани, избирачките места се отворени бидејќи сите градови и општини на нивното подрачје не ја избраа својата извршна власт.

Во тоа не успеаја четирите најголеми хрватски градови – Загреб, Сплит, Осијек и Ријека, но и Метковиќ, Вараждин, Бјеловар и Книн каде се гласа за градоначалници