Втор најсмртен ден во Македонија од почетокот на Ковид кризата

од Берта Китинска
169 прегледи

Во последните 24 часа се направени 1019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19. Во однос на дата на смрт, најголем број на смртни случаи се регистрирани на 13 април 2020 година (9), а според недела на пријавување во тек на 22-рата недела (23).

Денеска, 10 јуни, се регистрирани 7 смртни случаи во државава, со што се бележи вториот најсмртен ден од почетокот на кризата со Ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 39033 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3364, бројката на оздравени пациенти е 1664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1536.

 

Слични содржини