Втор обид на Камчев: Понудена гаранција од 1,7 милиони евра во недвижнини за да излезе од притвор

од Nikola Popovski
316 прегледи

Одбраната на бизнисменот Јордан Камчев, обвинет во случајот „Плацеви на Водно“, денес изјави дека повторно е понудена гаранција за обвинетиот да се брани од домашен притвор во процесот. Според адвокатот, Еленко Миланов, понудени се 1,7 милиони евра во недвижнини и околу 200.000 евра во готовина.

-Јордан Камчев е петтоосомничен а единствен што се наоѓа во притвор. За лошата и ризична состојба зборува и медицинско вештачење а поднесена е и гаранција во недвижен сопствен имот од 1,7 милиони евра недвижен имот и 200.000 евра готовински но до овој момент немаме одговор од обвинителството, рече Миланов пред медиумите.

Според него, предмтот „Плацевите на Водно“ не може да се темели на изјава на поранешниот премиер Никола Груевски дадена за сосема друга истрага и затоа побара запирање на процесот додека не се земе изјава од Груевски.

Обвинителката во предметот Лиле Стефанова дала негативно мислење, а на потег е крвичен совет да одлучи дали ќе ја прифати гаранцијата.

 

Слични содржини