Втори сме во Европа, ама по загадување на воздухот: Само Сараево дишe поотровен воздух од Скопје

Скопје и денеска е меѓу најзагадените градови во светот. Денеска е на 15-тото место, според мерењата на iQair, а во Европа сме на завидното второ место. Пред нас е само главниот град на БиХ - Сараево.

од Vladimir Zorba
22 прегледи Фото: Локално

Скопје и денеска е меѓу најзагадените градови во светот. Денеска е на 15-тото место, според мерењата на <a href=”https://www.iqair.com/north-macedonia/skopje/skopje” target=”_blank” rel=”noopener”>iQair</a>, а во Европа сме на завидното второ место. Пред нас е само главниот град на БиХ – Сараево.

Главниот град на земјава има AQI (Индекс на квалитет на воздух) 159, што е окарактеризирано како „нездрав“, а PM2.5 честичките се 66.4 µg/m³ (микрограми на кубен метар)

Ваквата состојба укажува на нездрав квалитет на воздухот што претставува значителен ризик по здравјето, особено за чувствителните групи, и далеку ги надминува здравите нивоа (насоки на СЗО &lt; 10-20 µg/m³ за PM2.5/PM10) и предизвикува предупредувања.

– Логично е дека талогот во општеството, кој е артикулиран во неколку опозициски партии, создава таков притисок врз луѓето и наеднаш тие се чувствуваат напнати и викаат што подалеку од овде. Напротив, ние треба да водиме политика во која ќе си ги вратиме луѓето. Еве, пред некој ден воздухот во Скопје беше почист од воздухот во Белград, во Сараево, во Приштина, во Љубљана, во Загреб, па и Виена. Зошто тоа никој не го проследи? Ајде за убави работи да зборуваме, изјави премиерот Христијан Мицкоски минатата недела.

Слични содржини