Вториот бран на корона во САД се очекува следната зима: Можно е да биде посилен од првиот, еве и зошто

од Aleksandar Petrovski
195 прегледи

Вториот бран на вирусот Ковид-19 се очекува во САД следната зима и би можел да биде посилен од првиот затоа што најверојатно ќе дојде на почетокот на сезоната на вируси, изјави директорот на Центарот за контрола и спречување на болести (ЦДЦ) Роберт Редфилд.

Тој во интервју за „Вашингтон пост“ рече дека земјата веројатно ќе има истовремено и епидемија на грип и коронавирус и дека комбинацијата ќе биде поголем товар за националниот здравствен систем од првиот бран, пренесува Ројтерс.

Редфилд исто така додаде дека ЦДЦ разговара со официјалните лица за можноста за запишување и обука на волонтери од САД за попис и волонтери на Мировниот корпус за создавање нова работна сила за борба против коронавирусот.