Вториот човек на Хезболах: Нема “тотална војна”, освен ако Трамп и Нетанјаху не го загубат потполно разумот

од desk2
116 прегледи

Либански Хезболах, сојузник на Иран, не верува дека последната сириска криза ќе прерасне во директен руско-американски судир или поширока светска војна, рече заменик лидерот на Хезболах во коментарите објавени денес.


Тешко вооружениот шиитски Хезболах е главен воен сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад во седумгодишната војна.

“Ја исклучуваме можноста ситуацијата да прерасне во директен американско-руски судир или поширока состојба на војна”, вели шеикот Наим Касем во интервјуто за либанскиот дневник “Ал-Џумхуриј”.

“Условите не наведуваат на тоа дека ќе се случи тотална војна…освен ако Трамп и Нетанјаху не го загубат потполно разумот”, додава тој.


Трамп се закани со напад
Трамп се закани со напад по наводниот хемиски напад на Дума, каде според сириската лекарска организација загинаа најмалку 60 луѓе, а руски претставник изрази страв од поширок судир меѓу Вашингтон и Москва.

Стравот од судир меѓу Русија, клучниот сојузник на сирискиот режим, и Западот, се зголемија откако Трамп најави проектили кои “наскоро ќе дојдат” и ја критикуваше Москва што стои зад Асад.

Белата куќа по состанокот на Трамп со тимот за национална безбедност соопшти дека “конечна одлука за Сирија се уште не е донесена”.