153
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во рамките на посетата на областа Срем на граѓаните во Доњи Товарник кај Печинац им порача дека ќе ја сочува Србија цела, онака како што пишува во Уставот, но и дека „не смееме да ги повторуваме грешките од минатото“.
„Не е лесен периодот пред нас, но треба да знаете дека кога водиме одговорна, сериозна и мудра политика, Србија секогаш излегува како победник“, рече Вучиќ во своето обраќање до граѓаните.
Тој посочи дека „нашата Србија ќе ја сочуваме цела, но притоа нема да бидеме изолирани“.