Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оцени дека пред Србија е една од најтешките години во модерната историја, како на политички, така и на економски план и најави дека во петок ќе се сретне со пет претставници – на Германците, Французите, Италијанците, Американците и Мирослав Лајчак.
Во изјавата за новинарите во Давос, Вучиќ рече дека ѝ претстојат тешки времиња за Србија, особено ако се земе предвид политичкиот разговор што го имал со Мирослав Лајчак.
„Се што слушнв, никој веќе не сака да слушне или види дека постои поинаков поглед, единствено што ги интересира е независно Косово, санкциите за Русија, нема противење. Ни претстои одлучувачка, клучна година, така што секако е една од најтешките во нашата модерна историја и во политичка и економска смисла и во секоја друга смисла“, рече Вучиќ.