Вучиќ: Србија не сака да влезе во НАТО, туку ја чува својата воена неутралност

од Stefanija Kuzmanovska
204 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска истакна дека Србија не е во атлантските интеграции и не сака да влезе во НАТО, туку љубоморно ја чува својата воена неутралност.

На посебна седница на српскиот парламент на која се расправа за Косово, Вучиќ одговарајќи на критиките на пратеникот Двери Иван Костиќ, посочи дека Србија е на пат кон Европската унија, но дека не е на пат кон атлантската интеграција.

„Србија е на европскиот пат, а што се однесува до атлантските интеграции, Србија не сака да влезе во НАТО. Србија сака љубоморно да ја чува својата воена неутралност и да ја зајакне. Има разлика меѓу европската интеграција и атлантската интеграција“, нагласи претседателот.

Слични содржини