Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побарал од Владата на Србија да им обезбеди бесплатна вакцинација на граѓаните на Северна Македонија, дознава „Блиц“.
Тие ќе можат да добијат една од четирите вакцини од производителите „Фајзер-Бајонтек“, „Синофарм“, „АстраЗенека“ и „Спутник В“.
Денес Владата на Србија донесе одлука да овозможи вакцинирање во Србија за граѓаните на Босна и Херцеговина.
Владата на Србија донесе одлука да овозможи вакцинирање на граѓаните на Босна и Херцеговина против ковид-19 во Србија.
Како што беше објавено по седницата на Владата, одлуката е донесена со оглед на тоа што соседната земја во моментов ја нема потребната количина вакцини.
„На овој начин се изразува солидарност со граѓаните на БиХ и тоа овозможува постигнување колективен имунитет на регионално ниво“, соопштија од српската Влада.